Galaxy Z Fold 7 ја изгуби поддршката за S Pen, но Samsung не ја исклучува можноста популарното пенкало да се врати во идните модели.
Одлуката Galaxy Z Fold 7 да не ја поддржува S Pen функцијата предизвика негативни реакции кај верните корисници на преклопната серија на Samsung, особено затоа што претходните генерации ја имаа таа функционалност. Сепак, изгледа дека ова не е крајот за популарното пенкало кога станува збор за Fold уредите.
Како што пренесува AndroidPolice, за време на Unpacked настанот во Њујорк, одржан на 9 јули, Канг Мин-сок, извршен директор на одделот за Mobile Experience во Самсунг, за ET News изјавил дека сè уште се работи активно на развој на напредна и потенка технологија за S Pen.„Истражуваме и развиваме потенки и иновативни технологии за S Pen, и повторно ќе ја разгледаме можноста за негово враќање кога ќе постигнеме повисоко ниво на совршенство и кога ќе има корисничка побарувачка“, изјави Канг.

Потенок дизајн – по цена на функционалноста
Со моделот Z Fold 7, Самсунг направи компромис: намалена дебелина и тежина во замена за отстранување на некои функции. Така, S Pen стана жртва на дизајнерската филозофија „нешто влегува, нешто излегува“. За да биде уредот полесен и потенок, беше отстранет слојот на екранот неопходен за работа со пенкалото.Galaxy Z Fold 7 во преклопена состојба е дебел 8,9 мм, а во расклопена само 4,2 мм, што е значително потенко од претходникот Z Fold 6, кој имаше 12,1 мм преклопен и 5,6 мм расклопен.
Фокус на корисничките потреби
Самсунг внимателно ги слуша желбите на корисниците. Веќе покажа подготвеност да отстрани функции што се користат ретко – како што е Bluetooth поддршката во S Pen пенкалото кај Galaxy S25 Ultra – но исто така покажува флексибилност да ги врати доколку побарувачката се зголеми.Канг јасно стави до знаење дека технологијата се развива и дека S Pen не е трајно отстранет од Fold серијата. Моделите од серијата Z Fold, како најнапреден дел од портфолиото на Самсунг, и натаму се најлогичен кандидат за интеграција на пенкалото надвор од S Ultra линијата.„Стремиме кон совршен баланс на производот, не само кон тенкост и леснотија“, заклучи Канг.

S Pen на Z Fold 8? Не е исклучено
Иако S Pen моментално не е присутен кај моделот Z Fold 7, Самсунг очигледно ги остава отворени вратите за негово враќање во иднина. Доколку корисниците продолжат да ја бараат оваа функција кај преклопливите уреди, можно е веќе во Galaxy Z Fold 8 да ја видиме новата, потенка генерација на S Pen која ќе ги задоволи и функционалноста и дизајнот.Засега, Самсунг јасно порачува – S Pen не е заборавен. Само го чека својот следен еволутивен

