Астрономите открија нова масивна егзопланета, која се криела зад познатите светови.
Наречена Kepler-139f, оваа „супер-Земја“ орбитира околу ѕвездата Kepler-139 и е приближно двојно поголема од Нептун. Тоа ја прави 35 пати помасивна од Земјата, а една година на оваа планета трае 355 дена.
Планетата ја откриле астрономите при анализа на податоци собрани од сега „пензионираниот“ вселенски телескоп Кеплер, кој е во сопственост на американската вселенска агенција НАСА. Овој сателит помогна во откривање на речиси 3.000 вонземски светови, но откривањето на планетата Kepler-139f барало поинаков пристап од методата со која телескопот ги детектира падовите на светлината кога планетата поминува пред нејзината матична ѕвезда.
Бидејќи Kepler-139f има наклонета орбита, истражувачкиот тим ја анализирал гравитациската сила што таа ја врши врз нејзината ѕвезда. Сега е познато дека оваа ѕвезда има неколку планети, вклучително и Kepler-139f, и сите тие ја влечат ѕвездата и меѓусебно се привлекуваат во орбитата, што влијае врз нивното движење. Ова гравитациско повлекување се нарекува „варијација на времето на транзит“ или TTV. Ако постојат варијации во гравитациската сила кои не можат да се објаснат со познатите планети, научниците претпоставуваат дека има уште една скриена некаде во ѕвездениот систем.

„Кога ги набљудувате TTV-овите кои не можат да се припишат на познатите планети, тогаш можете да бидете прилично сигурни дека во системот постои невидливо тело“, изјави за Space.com д-р Калеб Ламерс, коавтор на истражувањето и постдипломски студент на Одделот за астрофизички науки на Принстон.
Kepler-139f е третата планета што е откриена околу оваа ѕвезда, а Ламерс верува дека има уште светови скриени во Сончевиот систем. Тој додаде дека мисијата Planetary Transits and Oscillations of Stars (PLATO) ќе ги унапреди напорите за откривање не само на поголеми егзопланети, туку и на оние помалите.


