Новиот iOS 26 ја донесува функцијата „Visited Paces“ во Apple Maps, која безбедно и приватно ги бележи сите локации што ги посетувате
Со доаѓањето на новиот iOS 26, Apple претстави низа подобрувања за своите апликации, а особено значајна надградба доби Apple Maps. Покрај новиот дизајн и функцијата што прикажува преферирани рути, пристигнува и една од најинтересните нови можности наречена Посетени места (Visited Places).
Како што пренесува порталот 9to5Mac, Apple ја опишува „Visited Places“ како функција осмислена за да „им помогне на корисниците да се потсетат на местата кои ги посетиле“. Оваа можност е целосно опционална. При првото отворање на Maps по надградбата на iOS 26, системот ќе ве праша дали сакате да ја овозможите.
Кога ќе ја вклучите, вашиот iPhone ќе препознае кога се наоѓате на некоја локација – како на пример ресторан, продавница или парк – и ќе ја зачува во вашата историја. Она што е најважно е дека сите собрани податоци се заштитени со end-to-end енкрипција, што значи дека дури ни Apple нема пристап до нив.
За да пристапите до листата на посетени места, следете ги овие чекори:
- Отворете ја апликацијата Apple Maps.
- Допрете ја вашата профилна слика во долниот десен агол.
- Изберете Places, потоа Visited Places.
Во ова мени ќе најдете детална прегледна листа на сите локации, сортирани по категории (ресторани, продавници, знаменитости) и градови. Секој запис нуди дополнителни можности – можете да го зачувате во водич, да го споделите со пријатели, да додадете лична белешка, да го оцените местото или едноставно да го избришете од историјата. Доколку Apple Maps погрешно идентификува некоја локација, постои и опција за корекција.
Треба да се напомене дека оваа функција сѐ уште е во бета фаза, што значи дека се можни повремени багови додека не се усоврши целосно.