Samsung направи голем чекор напред кога станува збор за издржливоста на преклопниот смартфон Galaxy Z Fold7 и соопшти дека уредот ќе остане целосно функционален и по 500.000 свиткувања.
Ова е значително повеќе во споредба со 200.000 свиткувања колку што издржуваше Galaxy Z Fold6. Во пракса, 500.000 свиткувања значат користење подолго од десет години за просечен корисник, кој го свиткува својот уред околу 100 пати дневно, односно повеќе од шест години во случај на корисници кои многу често го свиткуваат екранот, околу 200 пати дневно. Дури и во вториот случај, подобрувањето е очигледно во однос на претходната генерација смартфони.
Од Samsung велат дека ова подобрување е овозможено благодарение на „новоразвиена структура отпорна на стрес, инспирирана од принципите на дизајн на стакло отпорно на куршуми“. Екранот на Galaxy Z Fold7 го тестираше Bureau Veritas, глобална компанија за тестирање, инспекција и сертификација.
 Овие бројки се ветувачки и најверојатно значат дека Fold7 е подобар од поголемиот дел од своите ривали, чии екрани се „оценети“ на 200.000 до 400.000 свиткувања. Сепак, еден ривал сè уште е на врвот – тоа е OnePlus Open, кој доби сертификат од TÜV Rheinland за милион свиткувања.