Компанијата Nothing неодамна го претстави моделот Phone (3), кој го промовира како свој прв вистински „flagship“ уред, но сега се појавија гласини дека истражува „нови територии“.
Најавено е дека Nothing планира да додаде модели со ознаки „Lite“ или „T“ во својата понуда, бидејќи, според извор од Индија, „Pro моделите едноставно не се доволни“.
Се поставува прашањето кои се тие Pro модели. Nothing неодамна претстави уред со таа ознака – Phone (3a) Pro, смартфон од средна класа кој има подобри спецификации во однос на Phone (3a).
За жал, изворот не открива повеќе детали за Nothing Lite или T уредите, па засега не е познато која линија би можела да го добие тој суфикс. Дали тоа ќе биде Nothing Phone (3) Lite или можеби Nothing Phone (3a) Lite?

Останува само трпеливо да се чекаат нови информации, кои без сомнение ќе се појават на интернет во наредниот период – доколку има вистина во тврдењата на споменатиот извор.

