Индиски изум го претвора ветерот во енергија и му овозможува на електричниот автомобил да се полни во движење, дури и при мали брзини
Замислете дека возите електричен автомобил низ град, на автопат или стоите во гужва, а батеријата се полни во исто време. Без кабли, станици или однапред планирано полнење. Звучи речиси неверојатно, но токму тоа е постигнато во Индија.
Зад оваа револуционерна идеја не стои ниту Tesla, ниту Toyota или некоја друга голема компанија, туку професорот по физика Сатјам Кумар Џа од индиската сојузна држава Махараштра, со помош на неговата сопруга Прити Џа. Тие развија систем за автоматско полнење што користи ветер – не преку големи турбини, туку преку компактен ветерен генератор кој работи дури и при брзини помали од 30 км/ч.
Уредот го користи движењето на возилото за создавање електрична енергија, со што ја полни батеријата во реално време – без разлика дали сте во возење, во градска гужва или чекате на семафор. Благодарение на оваа технологија, автомобилот има практично неограничен досег и не зависи од инфраструктура за полнење.

Предностите во однос на класичните електрични автомобили се бројни: нема потреба од планирани застанувања за полнење, трошоците за користење се минимални бидејќи енергијата се создава при самото возење, а еколошкото влијание е речиси занемарливо бидејќи нема надворешен извор на напојување.
Иако сè уште е во фаза на комерцијален развој, тимот бара партнери и инвеститори за да ја прошири оваа технологија. Професорот Џа порачува дека ова не е експеримент, туку конкретно решение што може да го промени светот – особено за рурални подрачја и региони со ограничен пристап до електрична енергија.
Ако оваа технологија добие поширока примена, би можеле да бидеме на прагот на нова ера во мобилноста – целосно автономна и независна од надворешни извори на енергија.

