Од компанијата Starlink доаѓаат информации дека се подготвуваат да ја лансираат следната генерација сателити следната година.
Според компанијата, која е во сопственост на Илон Маск, секој од новите сателити е дизајниран да обезбеди капацитети од повеќе од еден терабит за преземање податоци (> 1.000 Gbps), како и над 200 Gbps капацитет за испраќање податоци до корисниците на Земјата.
„Ова е повеќе од 10 пати поголем капацитет за преземање и 24 пати поголем капацитет за испраќање податоци во споредба со сателитите од втора генерација“, велат од Starlink.
Starlink исто така истакнува дека брзината на пренос на податоци и латенцијата се „радикално подобрени“.



