Покрај веќе добро познатите начини за поставување профилна фотографија на WhatsApp, наскоро ќе биде можно тие да се преземат од Facebook или Instagram.
Оние кои често ги менуваат профилните фотографии на WhatsApp, сигурно знаат дека можат да ја снимат со камерата од мобилниот или да изберат некоја од галеријата. Сепак, наскоро доаѓа можноста за едноставен увоз на профилна фотографија од другите друштвени мрежи на Meta.
Имено, според информациите на WABetaInfo, во најновата бета верзија на WhatsApp за Android (2.25.21.23), се појавиле две нови опции во менито за уредување на профилот, кои им овозможуваат на корисниците да преземат профилни фотографии од Facebook и Instagram. Увозот се врши од сметките што се поврзани преку Meta Account Center, а оваа опција е целосно изборна и според стандардните поставки е исклучена.

Оваа можност моментално е достапна само за ограничен број бета тестери на WhatsApp, а сè уште не е познато кога ќе биде достапна за сите корисници на стабилната верзија на апликацијата.


