Се предвидува значително зголемување на цените на повеќето модели од серијата iPhone 17 во САД, што веројатно ќе се пренесе и на европскиот пазар.
Apple со новата генерација iPhone би можел да ги зголеми цените на речиси сите модели во САД, освен на основниот iPhone 17. Ако се остварат прогнозите на аналитичарот на Jefferies, Едисон Ли, тоа ќе биде првото значајно поскапување на iPhone во САД од 2019 година.
Според неговата прогноза, iPhone 17 Pro треба да чини 1.049 долари во САД, додека Pro Max би достигнал цена од 1.249 долари. Значи, секој би поскапел за 50 долари во однос на претходната генерација. Поскапувањето се припишува на зголемените цени на клучните компоненти, како и на дополнителни царини за стоки произведени надвор од САД.
Новата iPhone 17 Slim, која според гласините треба да го замени актуелниот iPhone 16 Plus, би можела да се најде на пазарот по цена од 949 долари, а единствениот модел кој треба да ја задржи старата цена е основниот iPhone 17. Со тоа, Apple би се обидел да ја задржи привлечноста кај пошироката публика, и покрај растечките трошоци за производство.

Доколку најавените поскапувања во САД се пренесат и на европскиот пазар, што е многу веројатно, купувачите на iPhone во Европа би можеле да се соочат со уште поголеми суми, поради дополнителните трошоци за ДДВ, увозни давачки и разликите во валутните курсеви.
Иако е тешко со сигурност да се каже, се претпоставува дека почетниот iPhone 17 Pro во повеќето европски земји би можел да ја надмине границата од 1.400 евра, додека Pro Max би можел да ја надмине и цената од 1.600 евра.


