Иако на почетокот на купувачите им пречеше високата цена што надминува 2.100 евра, изгледа дека Galaxy Z Fold7 сепак е исклучително популарен.
Samsung очигледно постигна голем успех со најновата генерација на своите преклопни телефони, особено со Galaxy Z Fold 7, кој во САД бележи најголем број на преднарачки досега за ваков тип уред. Според податоците објавени од компанијата, бројот на преднарачки за Fold 7 и Flip 7 пораснал за повеќе од 25% во споредба со минатата година, додека кај американските телекомуникациски оператори е забележан раст од дури 60%.
Интересен тренд се забележува и во однос на изборот на бои. Речиси половина од купувачите на Fold 7 се одлучиле за сина боја (Blue Shadow), што покажува дека корисниците сè повеќе бараат алтернатива на традиционалните црни и сребрени модели. Кај помалиот модел, Flip 7, црвената боја (Coral Red) сочинува една четвртина од сите преднарачки, што е исто така над очекувањата.

Но, не станува збор само за преднарачки. Од Samsung велат дека во текот на првата недела од продажбата, Fold 7 и Flip 7 ги надминале минатогодишните модели за повеќе од 25%. Да потсетиме, рекордни преднарачки беа забележани и во Јужна Кореја, за што повеќе можете да прочитате подолу. Податоците за Европа сè уште не се познати.

