Првиот TriFold модел ќе биде претставен во втората половина на 2025 година како најиновативен Samsung телефон досега
Samsung во рамки на финансискиот извештај потврди дека долгоочекуваниот телефон со три преклопи, едноставно наречен „TriFold“, ќе биде лансиран во втората половина на 2025 година. Овој уред содржи двоен механизам за виткање што овозможува големиот екран да се претвори во компактен облик сличен на стандардниот моноблок телефон.
Иако претходно поднесе барање за заштита на „TriFold“ како заштитен знак, Samsung се одлучи за едноставно и директно име, и покрај можноста за поатрактивно футуристичко име и брендирање. Компанијата веќе подолго време ја развива оваа технологија и сега е подготвена да ѝ ја понуди на пазарот како дел од својот стратешки фокус на растот во областа на преклопни уреди.

Покрај ова, Samsung во извештајот наведе дека сегментот на мобилни телефони (MX Business) забележал пад на испораките во однос на претходниот квартал, иако вкупните приходи се зголемиле во споредба со истиот период минатата година. Клучен придонес дадоа Galaxy S25 серијата и Galaxy A моделите од средната класа, како и Galaxy таблетите.
Во наредниот период, Samsung планира да го задржи фокусот на сериите Galaxy S и Galaxy Z, додека XR (проширена реалност) уредите и новите TriFold модели ќе бидат клучни елементи за понатамошни иновации и раст на пазарот, пишува Sammy Fans.

