Новиот бренд MONT FLEX го означува врвот на Samsung технологијата за флексибилни OLED панели, со премиера на Galaxy Z Fold 7
Samsung Display денеска ја најави новата марка на флексибилни екрани под името MONT FLEX, како симбол на најновите достигнувања во развојот на флексибилната OLED технологија, на која работи и ја усовршува најмалку шест години. Оваа ознака ќе се користи за јасно да се истакнат клучните предности на најнапредните флексибилни екрани на Samsung, како за корисниците, така и за индустриските партнери.
Според достапните информации, токму Galaxy Z Fold 7 е првиот уред кој користи екран доволно напреден за да ја носи MONT FLEX ознаката.
Што значи MONT FLEX?
Називот „MONT FLEX“ е избран затоа што зборот „mont“ на француски значи „планина“, со што симболично се порачува дека станува збор за врв на иновацијата во областа на флексибилната екранска технологија. Компанијата нагласува дека оваа ознака е наменета за модели што достигнуваат највисоки стандарди во однос на издржливост, тенок профил и визуелен квалитет.

Секое буква во зборот MONT претставува клучна карактеристика на новата технологија:
- M: Mechanical durability – механичка издржливост
- O: Opto-mechanically flat – оптички и механички рамна површина
- N: Narrow bezels – исклучително тесни рамки
- T: Thin and lightweight design – тенок и лесен дизајн
Samsung прв во индустријата ја имплементираше UTG (Ultra Thin Glass) и LEAD технологијата на флексибилни екрани. LEAD претставува технологија без поларизатор, заснована на OFC (Optically Functional Coating) решение.
Најновиот панел што го разви Samsung Display за Z Fold 7 е потенок и полесен од кога било, со зголемена издржливост. Тој е првиот од ваков тип што успешно го поминал тестот на преклопување 500.000 пати.
Samsung бара нови партнери – Apple потенцијален кандидат?
Иако Samsung MX (Mobile eXperience) дивизијата е првиот корисник на MONT FLEX панелите, Samsung Display планира оваа технологија да ја понуди и на други партнери. Според гласините, Apple би можел да биде еден од потенцијалните клиенти.
Компанијата ќе го претстави брендот MONT FLEX официјално на саемот K-Display 2025 во Јужна Кореја, кој започнува на 7 август, пренесува SamMobile.



