Сега речиси секоја социјална мрежа има можност за репостирање, па беше само прашање на време кога и Instagram ќе ја воведе.
Instagram воведе низа нови функции во својата апликација, меѓу кои секако најинтересна е можноста за репостирање, односно повторно објавување на туѓи објави, слично како што беше ретвитот на поранешниот Twitter.
Корисниците ќе можат повторно да споделуваат јавни reels и објави од feed-от, а нивните репостови ќе им се препорачуваат на пријателите и следбениците. Покрај тоа, секогаш ќе содржат ознака за оригиналниот автор на објавата и ќе се појавуваат во посебно јазиче на профилот на корисникот, за другите да можат да ги видат на едно место.

Следната новост е преземена од Snapchat, а тоа е Instagram Map. Станува збор за функција која овозможува споделување на последната активна локација со избрани следбеници, кои ќе можат да ја видат на интерактивна мапа. Како и на Snapchat, локацијата автоматски ќе се ажурира при отворање на Instagram.
Поради безбедносни причини, опцијата стандардно ќе биде исклучена, а ќе може да се избере со кого точно ќе се споделува локацијата. Од Instagram истакнуваат дека Instagram Map моментално е достапен само за корисниците во САД, но до крајот на годината ќе биде достапен и на сите други пазари.

На крај, во Reels пристигна и ново јазиче Friends кое прикажува содржини што вашите следбеници ги имаат лајкнато или коментирано. Instagram вели дека ова ќе им помогне на корисниците „да видат кои reels ги следат луѓето што им се најважни“.


