Истражувачи од Универзитетот Пен Стејт покажале дека е можно да се пресретнат повици со детекција на вибрациите на телефонот преку радарска технологија.
Тим од истражувачи од Универзитетот Пен Стејт докажал дека е можно да се пресретнат телефонски разговори од оддалеченост до 3 метри, користејќи милиметарски радар за детекција на микровибрации на паметниот телефон за време на повик. Овој тип на радар, кој инаку се користи во автономни возила и сензори за движење, ги регистрира вибрациите од слушалката што предизвикуваат тресење на целиот уред.
Комбинирајќи ги овие податоци со АИ софтвер за препознавање говор, истражувачите успеале да ги претворат разговорите со точност од 60% од речник од 10.000 поими. Користен бил прилагоден open source модел Whisper, способен да ги претвора радарските сигнали во текст.

Радарската технологија открива разговори од паметни телефони
Студијата укажува на сериозни импликации врз приватноста, бидејќи оваа технологија би можела да биде вградена во секојдневни предмети, како на пример пенкала. Иако моменталната точност е ограничена, истражувачите напоменуваат дека контекстот може да помогне во реконструкција на разговорите, слично на читањето од усни, кое дава 30–40% прецизност.
Целта на истражувањето била да се процени дали ваквите алатки би можеле да се злоупотребат за прислушување. Наодите покажуваат дека тоа е технички изводливо под одредени услови, па истражувачите ја повикуваат јавноста да биде внимателна за време на чувствителни разговори, пишува Boing Boing.


