Honor го подготвува Magic 8 Ultra со напредни камери, AI алатки и функции инспирирани од Huawei, а сето тоа со помош на чипсетот Snapdragon 8 Elite.
Honor, познат по исклучителните камери во своите Magic Pro модели, овојпат фокусот го насочува кон сосема нов член на семејството – Magic 8 Ultra. Според зборовите на главниот директор за развој на камери, Луо Веи, ова ќе биде уред каков што корисниците досега не виделе, а првичните информации го потврдуваат неговото постоење.
Ова ќе биде првпат Honor да претстави Ultra верзија во Magic серијата, која досега имала специјални модели како RSR Porsche Design и Ultimate, но никогаш Ultra.
Magic 8 Ultra носи нови сензори и AI функции
Според првите, прелиминарни информации, Magic 8 Ultra ќе донесе неверојатни и многу ефикасни функции на камерата. Компанијата наводно тестира нов OV LOFIC главен сензор и унапреден 200 MP перископ зум сензор.

Се очекува и воведување на нови AI алатки за обработка на фотографии, вклучувајќи го AiMAGE системот кој носи напредни можности за обработка и композиција на кадарот. Постојат и навестувања дека дел од функциите ќе бидат инспирирани од решенија на Huawei, особено во сегментот на AI асистенција во доменот на композиција.
Покрај револуционерните камери, Magic 8 Ultra ќе понуди моќни перформанси благодарение на втората генерација Snapdragon 8 Elite чипсет. Иако Луо Веи не ги откри сите технички детали, тој најави дека фотографијата со овој модел ќе достигне сосема ново ниво, носејќи значајни подобрувања и иновации во однос на претходните модели, пренесува HC News.


