Mercedes-Benz тестира solid-state батерија која ветува досег поголем од 1.000 км. Новата технологија, развиена во соработка со компанијата Factorial Energy, би можела да влезе во сериско производство до крајот на деценијата.
Во моментов, Mercedes-Benz тестира прототип на електрично возило со цврстотелесна батерија која би можела да понуди домет поголем од 1.000 км. Тестовите се одвиваат на патиштата во Велика Британија, што претставува клучен чекор кон новата ера на електрификација на автомобилите.
За првпат во февруари 2025 година, Mercedes во реални услови го тестираше модифицираниот EQS опремен со литиум-метал цврстотелесна батерија, со цел да постигне револуционерен домет.

Mercedes влегува во трката за батерија со домет од 1.000 километри
Новата батерија користи сулфиден цврст електролит и анода од литиум-метал. Оваа комбинација овозможува:
- Поголема енергетска густина до 450 Wh/kg на ниво на поединечна ќелија.
- 25% поголем домет со иста маса во споредба со стандардните литиум-јонски батерии.
- Оптимизирана ефикасност благодарение на искуството од тркачките технологии и знаењето во областа на батериските ќелии.
Ќелиите ги произведува Factorial Energy, а батерискиот пакет е развиен во соработка со Mercedes-AMG High-Performance Powertrains (HPP).
По лабораториските испитувања во Штутгарт кон крајот на 2024 година, тестирањата на терен започнаа во февруари 2025 година. Mercedes планира оваа технологија да ја воведе во сериско производство пред крајот на деценијата.

Mercedes не е сам во трката. Volkswagen, BMW, Toyota, како и кинеските гиганти BYD и CATL, исто така развиваат цврстотелесни и квази-цврстотелесни батерии. Зголемувањето на дометот преку новата хемија на ќелиите станува клучна точка на конкурентност на пазарот на електрични возила.
Овие тестови се значаен чекор кон пазарното лансирање на новата технологија. Иако остануваат предизвици во однос на зголемување на производството, трошоците и интеграцијата во сериските возила, пораката е јасна: електромобилноста со домет од 1.000 км е на дофат на рака.



