Кидо Медо е стартап онлајн платформа која се лансираше на почеток на јули со цел да им помогне на родителите полесно да го организираат секојдневието на своите деца.
Секој родител знае колку е предизвикувачки да се организира добра роденденска прослава, да се најде креативна работилница или вистинското место за викенд-забава. Токму од таа постојана потрага, една мајка реши да го поедностави целиот процес, не само за себе, туку и за сите.
За само еден месец, Кидо Медо веќе постигна многу, со 10.000 прегледи низ веб-страницата и 80 партнери од малите и големите бизниси. Платформата Кидо Медо е повеќе од обична веб-страница. Таа е дигитална приказна инспирирана од мајчинската грижа. Од една страна, им помага на родителите да најдат доверливи и квалитетни содржини, а од друга им дава поддршка на малите бизниси кои работат посветено во областа на детските услуги и забава.
На Кидо Mедо ќе најдете:

Преку директен контакт со соработниците и внимателна селекција на содржините, Кидо Медо се стреми да понуди проверени, релевантнии свежи информации.
„Започнуваме скромно, но со голема мисија. Да создадеме заедница каде родителите и локалните бизниси ќе соработуваат, ќе се поддржуваат и ќе растат заедно“ – велат од Кидо Медо.
Пoгледнете што нудат и поедноставете си го секојдневието со децата!
Не пропуштајте летна понуда за бесплатно рекламирање на Кидо Медо до 30 септември. Facebook | Instagram | Website