На сите на интернет им е сосема јасно дека кога некој производ е бесплатен, тогаш производот е самиот корисник, односно неговите податоци, навики, склоности и определби кои потоа се продаваат за рекламирање.
Некои корисници, разбирливо, се многу лути поради тоа што големите технолошки компании ги собираат нивните податоци за да ги искористуваат за продажба на реклами.

Какви се генерално приходите од рекламирање на сопствениците на дигитални платформи?
Меѓу другото, важно е да се знае дека корисниците од земји со пониски приходи обично се многу помалку вредни за огласувачите. Приходите од рекламирање, секако, зависат и од самата популарност на платформата.
Според анализата на Sherwood.news, платформите Pinterest, Snap и Reddit имаат просечен приход по активен корисник (average revenue per user, ARPU) од 2,40 до 2,80 долари месечно за корисник во САД или Северна Америка.

Но, за разлика од нив, според проценките на Meta, корисник во Северна Америка (САД и Канада) вреди значително повеќе — нешто под 27 долари. Тоа е дури повеќе од најскапата месечна претплата на Netflix во тие земји, која изнесува 24,99 долари.

