Создадени за Galaxy обожавателите, Buds3 FE ги нудат суштинските карактеристики што корисниците ги сакаат – сега со попаметен, поелегантен изглед и поодлична цена.
Samsung Electronics Co., Ltd.денес го најави лансирањето на Galaxy Buds3 FE, најновото дополнување во линијата Galaxy Buds. Како дел од мисијата на Samsung да ја прошири својата аудио-иновација до што е можно повеќе луѓе, Galaxy Buds3 FE се дизајнирани да понудат премиум карактеристики по пристапна цена. Buds3 FE им овозможуваат на повеќе корисници да се приклучат кон Galaxy екосистемот со иконскиот Blade дизајн, унапредени аудио перформанси и Galaxy AI можности.
Galaxy Buds3 FE се дизајнирани да понудат подобрено аудио искуство. Впечатливите подобрувања во линијата Galaxy Buds се надоврзуваат на иновации во клучни карактеристики како Active Noise Cancelling (ANC), квалитет на повици, траење на батеријата, удобност и друго, овозможувајќи им на корисниците слобода да слушаат како сакаат, каде сакаат и кога сакаат.

Samsung знае дека најважниот дел од искуството со Galaxy Buds е висококвалитетниот звук. Galaxy Buds3 FE се создадени за тивките моменти во преполн воз, кога вашиот глас треба да се слушне на ветровита улица или кога плејлистата го движи вашиот чекор на пат кон дома. Со поголем звучник², Buds3 FE испорачуваат богат и моќен звук со длабоки басови и јасни високи тонови³. Подобрениот ANC⁴ го намалува амбиенталниот шум, создавајќи попродлабочено слушателско искуство. Технологијата Crystal Clear Call користи напреден, претходно трениран модел на машинско учење за изолирање на вашиот глас, обезбедувајќи разговорите да останат јасни дури и во бучни средини. Искуството со повици е дополнително подобрено со приспособената позиција на микрофонот, оптимизирана за подобро фаќање на гласот, со микрофони насочени кон устата на корисникот.
Едноставноста за користење е во срцето на дизајнот на Galaxy Buds3 FE – интуитивните контроли овозможуваат лесни интеракции. Со едноставен притисок (pinch) на Blade може да се направи избор, или со лизгање (swipe) да се контролира јачината на звукот. Поврзувањето е уште поедноставно преку копчето за парење на куќиштето за брз премин меѓу Galaxy уредите⁵. Со Auto Switch, Galaxy Buds3 FE автоматски ја детектираат аудио активноста и ја префрлаат врската беспрекорно, овозможувајќи континуирано слушање низ сите ваши Galaxy уреди⁶.
Дополнително, AI функциите и дизајнот на Buds3 FE гарантираат дека пуштањето нова плејлиста или преведувањето на разговор од еден на друг јазик е секогаш на дофат – со збор или долг притисок. Кога ќе се користат фрази како „Hey Google“, Buds3 FE можат да слушаат, разбираат и одговараат – без екран, без раце, само вие и вашиот глас⁷. Искуството е брзо, природно и разговорно – осмислено да делува повеќе како разговор со пријател, отколку како користење на уред. Проверете ја вашата дневна агенда или е-пошта без да го извадите телефонот од џеб или торба. За превод⁸, користете ги Buds3 FE со апликацијата Galaxy AI Interpreter⁹ на вашиот смартфон за да слушате предавање на странски јазик или да водите разговор со некого на друг јазик.
Blade дизајнот на Galaxy Buds3 FE претставува препознатлив визуелен идентитет на Galaxy линијата. Со мат завршница во две нијанси и полупроѕирни детали, тој претставува баланс на едноставност и изразитост за модерен, но и разигран естетски изглед.

Galaxy Buds3 FE претставуваат ново поглавје во проширувањето на Galaxy Experience. Дизајнирани за корисници кои сакаат сигурни перформанси, паметни функции и стилски дизајн по одлична цена, Galaxy Buds3 FE го прават полесно од кога било да се приклучите кон Galaxy екосистемот. Слушалките нудат и беспрекорна интеграција со Galaxy уредите, вклучувајќи брз пристап од системските подесувања и контрола без апликација, од кој било екран¹⁰.
Galaxy Buds3 FE ќе бидат достапни прогресивно од 18септември. За повеќе детали за Galaxy Buds3 FE, посетете Samsung.com/galaxy-buds3-fe.
