Бета верзијата на Google Play Services открива дека Андроид наскоро би можел да овозможи резервно копирање и на оние папки кои досега не можеа да бидат копирани.
Најновата бета верзија на Google Play Services (26.32.31) откри траги од нова функција која би можела наскоро да им овозможи на корисниците сами да изберат дополнителни папки што сакаат да ги копираат за безбедност.
Како што пренесува Android Authority, досега преку автоматското онлајн складирање најчесто се зачувуваа само основни податоци како фотографии, видеа, поставки и дел од корисничките податоци. Но, многу папки, вклучително и папката за преземена содржина, не беа опфатени со резервните копии, исто како и одредени податоци од апликациите, особено оние што се шифрирани.

Иако официјална потврда од Google сè уште нема, сè упатува на тоа дека работат на проширување и унапредување на опциите за безбедносно копирање на податоци, што многу корисници веројатно ќе го поздрават. Кога овие промени ќе бидат достапни за сите, засега не е познато.


