Apple планира претставувањето на новите iPhone модели да го подели во два настани – едниот би бил резервиран само за поскапите модели, а другиот за поевтините.
Иако до претставувањето на серијата iPhone 17 не делат само неколку недели, гласините за следната генерација веќе почнуваат да се појавуваат. Јужнокорејскиот ET News дознава дека со iPhone 18, Епл би можел целосно да го промени циклусот на претставување на своите мобилни телефони. Најверојатно размислуваат да ги разделат претставувањата на различните модели во два одвоени настани – првиот во септември 2026 година, а вториот на почетокот на 2027 година.
На септемврискиот настан во 2026 година, светлина на денот би требало да видат iPhone 18 Air, iPhone 18 Pro, iPhone 18 Pro Max, како и долгоочекуваниот преклоплив iPhone. Неколку месеци подоцна, Епл ќе одржи нов настан на кој ќе ги претстави основниот iPhone 18 и подостапниот iPhone 18e.

Според истите извори, овој нов пристап би требало да продолжи и со серијата iPhone 19, а веројатно и понатаму, сè додека Apple повторно не одлучи да направи промена. Ако тоа навистина се оствари, со овој потег Apple ќе го продолжи интересот на јавноста и медиумите за своите мобилни уреди, а и подостапните модели нема да останат во сенка на поскапите, како што беше случајот досега.

