Honor не се откажува од демонстрирање на издржливоста на својот преклопен смартфон Magic V5.
Досега Honor ја демонстрираше можноста на Magic V5 да издржи обилни дождови, екстремни температури, па дури и истрели со челични топчиња, а сега компанијата отиде чекор понатаму и обезбеди Гинисов рекорд за најголема тежина подигната со помош на висечки преклопен мобилен телефон. Според официјалните податоци, бил подигнат товар тежок 104 килограми.

Поточно, фрижидер тежок 84 килограми бил поврзан заедно со 20 кг тегови со центарот на моделот Magic V5 со помош на платнена лента, со цел да се докаже цврстината на неговата Super Steel Hinge шарка.
Шарката може да издржи до 500.000 преклопувања, а нејзината затегачка цврстина изнесува 2.300 MPa.

Honor Magic V5 го придвижува процесорот Snapdragon 8 Elite, доби 7,95-инчен флексибилен AMOLED Full HD+ екран, како и надворешен 6,43-инчен AMOLED екран. Го напојува батерија со капацитет од 5.820 mAh, поседува три задни камери, вклучувајќи и перископски телеобјектив сензор од 64 MP.
Уредот тежи 217 грама, а неговата дебелина кога е преклопен изнесува 8,8 милиметри.
