Во јули се појави информација дека WhatsApp развива функција која би им овозможила на корисниците да поставуваат потсетници за пропуштени повици, а сега WABetaInfo тврди дека оваа компанија во сопственост на Meta работи на функција слична на говорна пошта за пропуштени повици.
Развојот на оваа функција слична на говорна пошта е забележан во бета верзијата 2.25.23.21 на WhatsApp за Android. Начинот на кој функционира е едноставен. Ако упатите гласовен повик преку WhatsApp и тој не биде одговорен, апликацијата ќе прикаже кратенка „Record voice message“ (Сними гласовна порака) на екранот, покрај копчињата „Call again“ (Повикај повторно) и „Cancel“ (Откажи). Сепак, опцијата „Record voice message“ (Сними гласовна порака) ќе се појави и во разговорот со таа личност.
Овие две кратенки ќе ви овозможат брзо да испратите аудио порака на лицето кое не можело да одговори на вашиот повик. Се разбира, постои можност и одделно да снимите гласовна порака со допир на иконата со спојница во разговорот, но испраќањето гласовни пораки преку овие нови кратенки треба да го направи целиот процес малку поудобен.

WABetaInfo тврди дека оваа функција моментално е достапна за некои бета тестери на Android, но сè уште не е јасно дали и кога ќе биде јавно достапна.


