Новите Pixel 10 модели, први во светот, поддржуваат сателитски гласовни и видео повици на WhatsApp. Оваа функција ќе биде достапна веќе од 28 август, но покрај Pixel 10, потребно е да се има и телекомуникациски оператор кој ја поддржува.
Google оваа недела ја претстави својата нова серија мобилни телефони, Pixel 10, но тогаш „заборави“ да се пофали дека тие ќе бидат првите во светот што ќе овозможат гласовни и видео повици на WhatsApp преку сателитска врска.
Оваа можност беше најавена на X, каде што беше истакнато дека ќе биде функционална веќе од 28 август.
Сепак, треба да се има предвид дека за сателитски повици на WhatsApp не е доволно само да се има нов Pixel 10. Потребно е и мобилен оператор кој ја поддржува сателитската врска на својата мрежа и има договор со Google или WhatsApp за оваа услуга.