Петтата One UI 8 beta верзија на оперативниот систем за Galaxy S25 телефоните донесува адаптивен часовник кој ја менува формата и големината на бројките во зависност од позадината на заклучениот екран.
Samsung во некои земји во светот ја објави петтата One UI 8.0 beta верзија за Galaxy S25 телефоните. Овој софтверски пакет не само што решава низа претходни багови, туку носи и нова интересна функција – Adaptive Clock. Новата опција го освежува изгледот на заклучениот екран така што часовникот ја менува големината, распоредот и ориентацијата во однос на субјектите на позадината.

Адаптивниот часовник првпат беше забележан во раните верзии на One UI 8.0 оперативниот систем. Функцијата ги користи контурите на личност, животно, миленик или друг јасно издвоен објект на позадината и го приспособува изгледот на часовникот според просторот околу него. На овој начин, заклучениот екран станува подинамичен и визуелно поатрактивен.
Galaxy S25 добива адаптивен часовник со One UI 8 Beta 5
Galaxy S25За најдобро искуство, потребно е да се избере позадина каде што објектот е јасно издвоен од заднината. На екранот за прилагодување на заклучениот екран, со поместување на часовникот околу субјектот, се менува неговиот распоред и форма во согласност со контурата.
За функцијата да работи правилно, се препорачува избор на поедноставен дизајн на часовникот. Во менито Font and Colour треба да се избере втората опција со анимации, додека во Style секцијата може да се избере меѓу вертикален (stacked) или хоризонтален приказ.

Samsung препорачува и вклучување на опцијата AOD Wallpaper, бидејќи преминот од Always On Display екранот кон заклучениот екран изгледа особено ефектно и е во согласност со изгледот на динамичниот часовник.
Новата опција е дел од beta верзијата, а се очекува да биде достапна и во финалната One UI 8.0 верзија во моментот кога Galaxy S25 серијата ќе го добие завршното ажурирање, пишува Sammobile.

