iPhone изгледа прилично исто уште од моделот iPhone 12, но тоа би можело наскоро да се промени.
Според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, Apple конечно ќе направи некои поголеми промени во дизајнот на iPhone серијата. Гурман наведува дека Apple има планирано три години на големи промени во дизајнот на iPhone, почнувајќи од моделот iPhone 17 Air, кој се очекува во септември. Тенкиот Air модел наводно ќе ја замени iPhone 16 Plus верзијата.
Моделот iPhone 17 Air треба да има една задна камера и првиот Apple модем „домаќинско производство“. Ќе го напојува помала батерија, а физичкиот SIM слот нема да постои. Ќе изгледа слично на iPhone 16, но iPhone 17 Pro и 17 Pro Max ќе добијат редизајниран модул на задната камера.
Apple во 2026 година ќе претстави преклопен iPhone, тврди Гурман. Овој уред се развива под кодното име V68 и ќе има вкупно четири камери — две позади, една надворешна и една внатрешна.

Прототипите кои се тестираат се во бела и црна боја, а преклопниот iPhone ќе користи прилагоден C2 модем. Внатрешниот екран ќе биде in-cell touch панел, кој треба да ги минимизира наборите и истовремено да ја зголеми прецизноста на допирот.
Исто така, Apple во 2027 година наводно ќе лансира iPhone 20 со сосема нов заоблен стаклен дизајн, со кој ќе се одбележи 20-годишнината од овој смартфон. Тоа ќе биде голем редизајн, значително различен од сè на што купувачите се навикнати досега.

