Во време кога телефоните повеќе не се само средство за комуникација, туку продолжеток на нашиот секојдневен живот, новата Galaxy Z серија на телефони на преклоп донесува искуство што ги надминува очекувањата.
На раскрсницата меѓу безбедноста, моќта и вештачката интелигенција и дизајнот овие уреди поставуваат нови стандарди – од заштита на податоците што влева доверба, до перформанси што го следат и најдинамичното темпо на живот. Благодарение на интегрираната AI технологија, секој момент станува попаметен, поперсонализиран и полесен, било да креирате содржини, ги организирате обврските или едноставно сакате да уживате во својот дигитален свет без ограничувања.

Galaxy Z Fold7 за беспрекорно искуство во движење
Galaxy Z Fold7 е осмислен за оние што сакаат секојдневна едноставност при носење и интуитивно чувство, заедно со напредна моќ и флексибилност на поголемиот расклопен екран во еден уред. Со својот ултра тенок и лесен дизајн, како и поширокиот надворешен екран, Galaxy Z Fold7 нуди беспрекорно искуство во движење, кое овозможува полесно пишување и прегледување содржини кога телефонот е склопен.
Кога е расклопен, Galaxy Z Fold7 станува многу повеќе од обичен паметен телефон и се претвора во целосно поинаков уред, откривајќи голем екран што го проширува работниот простор за уредување, мултитаскинг и потполно уживање во гледање содржини, како и за уште поголема примена на Galaxy AI функциите и поголем простор за уредување содржини или истовремена работа со повеќе апликации.

Главниот екран е 8-инчен Dynamic AMOLED 2X, кој нуди извонредно богат контраст, верен приказ на црната боја и живописни детали што го истакнуваат сè – од филмови до мултитаскинг. Со Vision Booster технологијата и одличната осветленост до 2600 нита, Galaxy Z Fold7 обезбедува врвна видливост дури и на директна сончева светлина.
Тенок и лесен, направен е да ги следи корисниците со самодоверба во движење. Без разлика дали постојано се расклопува и склопува или се носи во торба, дизајниран е да издржи секојдневна употреба и изработен е да трае уште подолго, благодарение на новата структура на шарките и преклопниот екран.
Galaxy Z Flip7 – идеалниот сопатник во вашиот џеб
Galaxy Z Flip7 е компактен AI телефон за мултимодалната ера, поттикнат од новиот FlexWindow екран. Доволно мал да го собере во џеб, а сепак доволно моќен за разновидна употреба, овој уред ги спојува Galaxy AI со FlexWindow екранот од раб до рабо, врвната камера и култниот, ултракомпактен дизајн. Од интуитивниот гласовен AI асистент до најдобрите селфи фотографии, Galaxy Z Flip7 е џебен сопатник создаден за беспрекорна интеракција и секојдневна ефикасност.

Содржината елегантно се протега од раб до раб на впечатливиот FlexWindow екран, кој ги става најважните информации во преден план, овозможувајќи ви полесно да испраќате брзи пораки, провер увате или да правите висококвалитетни селфи фотографии. Најсветлиот FlexWindow екран досега на Galaxy Z Flip паметен телефон нуди и исклучително брза стапка на освежување, така што сè изгледа живописно и мазно. Дополнително, 4,1-инчниот Super AMOLED FlexWindow екран има 2600 нити максимална осветленост и мазна стапка на освежување од 120 Hz за ултра мазно лизгање, стриминг и гејминг. Освен тоа, FlexWindow добива Vision Booster надградба, подобрувајќи ја видливоста на отворено за да останете поврзани каде и да се наоѓате.
Samsung Galaxy Watch8 серија – совршен додаток за вашето секојдневие
На новите часовници Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic применети се препознатливиот визуелен идентитет на целата Galaxy Watch серија. Компанијата го надоградува дизајнот на серијата со перничести рабови нудејќи најтенко и најудобно Galaxy Watch искуство за постојано следење на здравјето – 24 часа на ден, седум дена во неделата. Galaxy Watch8 серијата следи различни животни стилови и нуди напредни можности, поставувајќи нов стандард за стил и лично здравствено искуство.

Создадени за поврзување секој ден
Со веќе добропознатата апликација SmartThings, менаџирањето со другите уреди во вашиот дом од екранот на вашиот Galaxy телефон е полесно од кога било – можете да управувате со телевизорот, да ги следите програмите за перење на вашата машина за алишта, да го подреете ручекот, и сето тоа од далечина, како и многу други активности. Дополнително, One UI 8, со гарантирани 7 години софтверски update-и, обезбедува безбедност и постојана оптимизација кај новите Galaxy уреди, клучно за оние што очекуваат долгорочно функционирање без грижи.
Безбедноста и доверливоста на прво место
Samsung Knox гарантира апсолутна заштита, сигурност при работа со најчувствителни деловни податоци, од биометриски отпечатоци, до професионални финансиски документи.

Try Galaxy апликација за уште поголемо уживање
За корисниците да го искусат полниот потенцијал на вештачката интелигенција, Samsung направи значајни ажурирања на апликацијата Try Galaxy. На тој начин, бројни опции како Live Translate, Chat Assist, Note Assist, Photo Assist и Circle to Search со Google се вклучени на повеќе уреди, така што и неодлучните можат да го доживеат Galaxy AI, без да го менуваат својот паметен телефон.
Надградете се себеси со најмодерната технологија и уживајте во секој успех, додека сигурноста, продуктивноста и елеганцијата остануваат на прво место.

