Apple ќе го одржи својот годишен настан посветен на iPhone во вторник, 9. септември, во кампусот Apple Park во Купертино, според најавата што беше објавена денес. Настанот ќе започне во 10:00 часот по локално време, а поканети се избрани претставници од медиумите.
На iPhone настанот во септември 2025 година, Apple ќе ја претстави iPhone 17 серијата, која ќе го вклучува сосема новиот ултра-тенок iPhone 17 Air. Тој ќе биде придружен од стандардниот iPhone 17, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max.

iPhone 17 Pro моделите се очекува да имаат нов, поиздржлив дизајн со алуминиумска рамка, заедно со редизајниран заден модул за камеритр во форма на лента. Сите iPhone 17 модели ќе добијат нови A19 чипови или A19 Pro, а екранот со ProMotion 120 Hz најверојатно ќе пристигне и во основниот iPhone 17 модел.
iPhone 17 Air ќе биде најтенкиот и најлесниот iPhone досега и ќе го замени досегашниот Plus модел. Се очекува да има 6.6-инчен екран, сопствен Apple C1 модем за мобилна конекција и само една задна камера.

Apple исто така ќе ги претстави Apple Watch Series 11, Apple Watch Ultra 3 и Apple Watch SE 3, што ќе биде првпат по три години сите модели на Apple Watch да бидат освежени во исто време. Можно е да бидат најавени и AirPods Pro 3 слушалкитесо нов дизајн, нов HomePod mini и обновен Apple TV 4K.
Покрај новиот хардвер, Apple ќе ги објави датумите за лансирање на iOS 26, iPadOS 26, macOS Tahoe и остатокот од новиот софтвер.

