Lenovo се подготвува следната недела на европскиот технолошки саем IFA да ги претстави своите најнови производи, но еден уред привлекува особено внимание.
Најзначајниот уред што го сподели познатиот типстер Еван Блас прикажува фотографија од лаптоп со концепт-дизајн и екран кој ротира помеѓу пејзажна и портретна ориентација, а кој Lenovo наводно го нарекува „Project Pivo“.
Оваа компанија има историја на изработка на необични концепти на лаптопи, како што се проѕирниот ThinkBook лаптоп со проѕирен екран и екранот што може да се преклопи кај моделот ThinkBook Plus Gen 6, но не е загарантирано дека овие истражувачко-развојни проекти ќе бидат претставени како потрошувачки производи.
Портретниот режим за Project Pivo би можел да биде корисна функција за кодирање и прегледување на мобилни верзии на веб-страници и апликации, па останува да видиме дали ќе се претвори во нешто што навистина ќе може да се купи.
Според Блас, Lenovo ќе го претстави и Legion Go 2, втората генерација на гејминг рачна конзола најавена за време на CES, чијашто промоција се очекува оваа година, како и низа таблети и Motorola мобилни телефони.

