Google заклучил 3,5 GB RAM на Pixel 10 уредите исклучиво за вештачка интелигенција, оставајќи им на корисниците помалку меморија за апликации.
Серијата Google Pixel 10 доаѓа со најмалку 12 GB RAM за да ги исполни растечките барања на вештачката интелигенција, но поединечни корисници откриле дека околу 3,5 GB меморија Google однапред ја заклучува и ја резервира само за AI функции, па корисниците не можат слободно да ја користат.
Истражување на порталот Android Authority во програмскиот код на телефонот покажало дека Google го користи сервисот AICore во комбинација со Tensor G5 чипот и неговиот TPU, за да го издвојува споменатиот дел од меморијата и исклучиво да го резервира за AI. Тој сегмент е системски означен како посебна зона и не е достапен за други апликации.
Ограничување на RAM меморијата кај Google Pixel 10 поради AI
Во споредба со претходната генерација, Pixel 9 Pro имал околу 2,8 GB RAM резервирани за AI модели, додека основниот Pixel 9 воопшто не ја користел оваа стратегија. Оваа година Google го промени пристапот и сега дури и стандардниот Pixel 10 има однапред определена количина RAM наменета исклучиво за вештачка интелигенција.

Screenshot
Според објаснувањата, AI моделите, дури и во својата најкомпактна верзија, можат да зафатат неколку гигабајти, што е далеку повеќе од класичните апликации. За да овозможи моментално стартување и да го намали чекањето, Google постојано ги држи AI моделите вчитани во меморијата.
Се разбира, цената на таквиот пристап е намалување на меморијата достапна за стандардни апликации. На пример, кај основниот модел Pixel 10, од вкупните 12 GB RAM, за секојдневни потреби на корисникот остануваат ефективно околу 8,5 GB. Тоа за повеќето типични сценарија сè уште е доволно, но како што игрите и апликациите бараат сè повеќе ресурси, во иднина може да стане ограничувачки фактор. Затоа, за оние кои сакаат поинтензивно мултитаскинг искуство или играње захтевни игри, подобар избор ќе бидат моделите Pixel 10 Pro со 16 GB RAM.Pixel 10,

Со ваквиот тренд, можно е во иднина Android телефоните како составен дел од спецификациите да ја наведуваат и количината на достапен AI RAM? Барем би било фер кон корисниците кои плаќаат висока цена за спецификациите на флегшип моделите.

