Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и технологија за брзо полнење, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот на целиот ден.
Поседува тенко и елегантно куќиштe со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава софистицираност. Достапен е во три бои —Midnight Black, Mint Green, Moonlight Blue. Боите Moonlight Blue инспирирани се од плимата и осеката и сончевата светлина во различни периоди од денот, со нежен премин на бои кој е постигнат со техниката на двобојно магнетно мастило.
На предната страна се наоѓа 6,9-инчен HD+ eкран со AdaptiveSync oсвежување до 120Hz што овозможува одлично корисничко визуелно искуство, додека AI двојната камера од 50MP снима остри и детални фотографии во сите услови на осветлување. Redmi 15C, и покрај својот тенок дизајн², доаѓа со моќна батерија од 6000mAh која обезбедува до 22 часа гледање видео содржина или 82 часа уживање во музика. Благодарение на турбо полнењето од 33W, батеријата се полни до 50% само за 31 минута, додека функцијата на обратна енергија овозможува Redmi 15C да послужи и како извор за напојување за други уреди, обезбедувајќи дополнителна практичност.

Oпремен со MediaTek Helio G81-Ultra процесор и до 16GB RAM преку функцијата Memory Extension, со поддршка за проширување на меморијата до 1TB, Redmi 15C обезбедува брзо и непречено искуство на користење во апликации, игри и мултитаскинг. Redmi 15C го покренува Xiaomi HyperOS 2, нудејќи функции како Circle to Search со Google и интеграција со Google Gemini за напреден мултитаскинг и интелигентна асистенција. Благодарение на Xiaomi Interconnectivity технологијата, вклучувајќи Call Sync и Shared Clipboard, префрлањето на содржини или синхронизацијата на податоци помеѓу повеќе уреди е исклучително лесно и едноставно.
Уредот поседува IP64 сертификат за отпорност на прашина и прскање со вода во секојдневни услови, додека 200% засилувањето на звук ја подобрува репродукцијата на медиуми и известувања дури и во бучни средини.
Redmi 15C достапен е во конфигурациите 4GB+128GB, 4GB+256GB и 8GB+256GB¹⁶, со почетна цена од 6,999 MKD. Цените може да варираат во зависност од регионот.

