Новиот интерфејс на Quick Share потсетува на оној од One UI 8, со што Samsung и Google дополнително сакаат да го унифицираат искуството на споделување фајлови.
Google започна да ја воведува редизајнираната верзија на својата функција Quick Share, наменета за брзо споделување датотеки помеѓу уреди, која носи модернизирано интерфејсe и различни подобрувања во функционалноста.
Како што пренесува Android Authority, најголемата новина е визуелната поделба помеѓу функциите Send и Receive, со копче за брзо менување на дното од екранот. Имено, при отворање на Quick Share, на корисниците сега автоматски им се прикажува делот Receive, со појасно истакнато име на уредот и подобро видливи барања за примање фајлови.
Од друга страна, во делот Send, Google интегрираше нова алатка за избор на датотеки која овозможува испраќање на повеќе различни датотеки одеднаш, без разлика на нивниот тип. Корисниците, исто така, пред испраќањето можат да ги прегледаат датотеките, со што во пракса дополнително се олеснува и забрзува процесот на споделување.

Quick Share инаку овозможува споделување датотеки помеѓу Android, Windows и Chromebook, но неодамна пристигна информација дека е во план поддршка и за iOS и macOS. Повеќе за тоа можете да прочитате во нашиот текст подолу.

