Instagram апликацијата конечно се проширува и на iPad, со тоа што од денес е достапна посебна апликација за iPad.
Instagram за iPad е фокусиран на Reels, а при отворање на апликацијата директно ве носи на страницата за Reels. Stories ќе бидат достапни на врвот од интерфејсот, а има и поддршка и за директни пораки.
Постојат и посебни табови за следење со различни опции за филтрирање. All ќе ги прикажува препорачаните објави и reels од профилите што ги следите, Friends ќе прикажува препорачани објави од профилите што ги следите и кои ве следат вас, а опцијата Latestќе ги прикажува хронолошките објави и reels од профилите што ги следите.

Instagram за iPad е дизајниран да ја искористи предноста на поголемиот екран, овозможувајќи пристап до повеќе функции со помалку кликови. Од Instagram велат дека корисниците можат да бидат во тек со пораките и известувањата преку распоред што прикажува два таба истовремено, а при гледање на reels видео може да се прошири делот за коментари додека видеото останува во целосна големина.

Апликацијата Instagram за iPad веќе е достапна за корисниците и е достапна на iPad уредите што поддржуваат iPadOS 15.1 и понови верзии.

