Pulse-Fi покажува како евтини WiFi чипови можат да мерат отчукувања на срцето со клиничка точност, без потреба од носливи уреди
Pulse-Fi е систем кој користи вообичаени WiFi сигнали за следење на отчукувањата на срцето со клиничка точност, без потреба од носење било какви уреди. Оваа иновација на истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз, овозможува неинвазивно, бесконтактно и евтино следење на здравјето во сопствениот дом, што претставува значаен чекор напред во областа на телемедицината и дигиталното здравство.
Промени во радио-брановите
Системот, претставен на IEEE конференцијата DCOSS-IoT 2025, се базира на комбинација од WiFi предаватели и приемници кои ги следат минималните промени во радио-брановите предизвикани од отчукувањата на срцето на личноста во близина.

Специјални алгоритми за машинско учење ја филтрираат бучавата од околината и го идентификуваат ритамот на срцето со многу висока прецизност. На системот му се потребни само пет секунди за да открие грешка од околу половина отчукување во минута, што е споредливо со клиничката опрема. Мерењата се сигурни на растојание до три метри, дури и кога лицето е во различни положби или се движи.
Пристапен и достапен
Pulse-Fi користи евтини WiFi чипови како ESP32, кои чинат меѓу пет и 10 долари, како и помоќни уреди Raspberry Pi, што значи дека Pulse-Fi ќе биде пристапен и достапен за пошироката популација.

Системот е дизајниран да работи во реално време, што отвора можности за примена во секојдневната медицинска грижа, особено таму каде што пристапот до класична медицинска технологија е ограничен. Истражувачите ја планираат оваа технологија да ја прошират и за детекција на дишење, што би овозможило следење на состојби како апнеја при спиење.

