Новиот систем Snapdragon Ride Pilot, развиен од Qualcomm и BMW, дебитираше во BMW iX3 и овозможува автономно возење до ниво 2+ со највисоки безбедносни стандарди.
Qualcomm и BMW Група по три години заеднички развој го претставија Snapdragon Ride Pilot, целосно нов систем за автономно возење заснован на Snapdragon Ride SoC чипови и софтверски пакет креиран во соработка на двете компании.
Системот дебитираше на саемот IAA Mobility 2025 во сосема новиот BMW iX3, првото возило од серијата Neue Klasse на BMW. Тестиран е во повеќе од 60 земји, а до 2026 година се очекува проширување на повеќе од 100 пазари.

Нови стандарди за безбедност и перформанси
Snapdragon Ride Pilot е проектиран да ги задоволи најстрогите безбедносни норми, вклучувајќи ASIL и FuSa стандарди, како и најновите регулативи како NCAP, FMVSS127 и DCAS. Системот комбинира визуелен систем со 360-степенска покриеност (камери, радари, BEV архитектура) за детекција на објекти, сообраќајни знаци, ленти и комплексни крстосници со напредни AI модели за предвидување на однесувањето во возење.
Покрај тоа, Qualcomm и BMW развија data & simulation фабрика, алатка што обединува реални и синтетички податоци за тестирање и тренирање на автономни модели, со што се постигнува поголема безбедност во реални услови. Системот поддржува OTA ажурирања и целосна прилагодливост преку Snapdragon Ride SDK, што им овозможува на производителите да го адаптираат за различни класи возила.
BMW iX3 и „Superbrain of Automated Driving“
Првиот автомобил со системот Snapdragon Ride Pilot е BMW iX3, кој носи низа напредни функции:
- Контекстуална промена на ленти и претекнување врз основа на суптилни движења на возачот.
- Активен асистент за возење по автопат со можност за возење без раце на одобрени делници.
- AI-поддржана асистенција при паркирање и надзор на кабината преку камери.

BMW iX3 користи централен интелигентен компјутер наречен „Superbrain of Automated Driving“, напојуван од Snapdragon Ride SoC процесори, со дури 20 пати поголема процесорска моќ во споредба со претходните генерации. Системот комбинира камери со висока резолуција, радари, прецизни мапи и GNSS локализација за целосна покриеност и безбедно возење.
Покрај тоа, автомобилот е опремен со V2X 200 чипсет, кој овозможува комуникација на возилото со инфраструктурата, други возила и пешаци, обезбедувајќи дополнителна димензија на безбедност, објави Qualcomm.

