Huawei ја објави листата на телефони и таблет уреди со поддршка за Wi-Fi 7+, носејќи побрз интернет, помало доцнење и постабилна конекција.
Huawei денес ја прошири листата на уреди кои добиваат поддршка за новата Wi-Fi 7+ технологија на ниво на процесор. Освен најновите модели паметни телефони, на списокот се додадоа и некои од врвните уреди од средната класа. Оваа функција носи значително побрзи мрежни перформанси, поголема стабилност и подобро управување во услови на слаб сигнал.
Wi-Fi 7 претставува најнов стандард за безжична комуникација кој може да постигне брзини до 30 Gbps и користи канали со ширина до 320 MHz. Благодарение на функцијата Multi-Link Operation, уредите со оваа технологија можат истовремено да користат повеќе фреквентни опсези, што овозможува помало доцнење и значително поголема брзина на пренос на податоци.
Листа на Huawei уреди со поддршка за Wi-Fi 7 и Wi-Fi 7+ технологија
Wi-Fi 7+ оди чекор понатаму. Како унапредена верзија на овој стандард, носи интелигентно конвергентно распределување и просторно искористување на сигналот. Резултатот е уште постабилна мрежна врска, зголемена пропусност на податоците и дополнително намалување на доцнењето во комуникацијата меѓу уредите. Оваа технологија се нарекува „chip level“ бидејќи е директно интегрирана во хардверот, што овозможува подобра отпорност на пречки и посигурна работа дури и во послаби Wi-Fi услови.
Huawei ги подели уредите според поддршката за Wi-Fi 7 и за понапредниот Wi-Fi 7+.
Уреди со поддршка за Wi-Fi 7:
- Huawei Mate XTs | Ultimate Design
- Huawei Mate 70 RS | Ultimate Design
- Huawei Mate 70 Pro+
- Huawei Pura 80 серија
- Huawei Pura X серија
- Huawei Nova 14 Ultra
- Huawei Nova 14 Pro
- Huawei MatePad Mini серија
- Huawei MatePad Air 12 (2025)
- Huawei MatePad Pro 12.2 (2025)
Уреди со поддршка за Wi-Fi 7+:
- Huawei Mate XT | Ultimate Design
- Huawei Pura 80 серија
- Huawei Nova 14 Ultra
- Huawei Nova 14 Pro
За сега, само одредени телефони како трифолд моделот Mate XT, Pura 80 серијата и посилните модели од серијата Nova 14 имаат пристап до оваа унапредена технологија. Сепак, се очекува Huawei во наредниот период да ја прошири достапноста на Wi-Fi 7+ поддршката и на други уреди, за што повеќе корисници да имаат можност да ги искусат предностите на новата мрежна генерација, пренесува HC News.