Apple го лансира најголемото софтверско освежување во последните десет години: iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 Tahoe пристигнуваат на 15 септември со новиот Liquid Glass интерфејс.
Иако за време на претставувањето на iPhone 17 беа само накратко споменати, Apple тивко ја ажурираше својата веб-страница и го откри датумот кога корисниците ќе можат да ги преземат новите верзии на оперативните системи. Почнувајќи од 15 септември 2024 година, достапни се iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 Tahoe.
Ова не е обично софтверско ажурирање, Apple тврди дека серијата „26“ претставува најголема промена во повеќе од една деценија. Најголемата новина е целосно освеженото визуелно искуство преку Liquid Glass интерфејсот, кој носи модерeн, проѕирен изглед и чувство, трансформирајќи го начинот на кој корисниците ги доживуваат своите уреди. Секоја категорија добива нови функции, а Apple порачува дека телефоните, таблетите, часовниците и компјутерите по инсталацијата ќе изгледаат како целосно нова генерација уреди.
Компатибилни уреди:
- iOS 26: iPhone 11, iPhone SE (2. ген) и понови
- iPadOS 26: iPad mini (5. ген), iPad (8. ген), iPad Air (3. ген), iPad Pro 11” (1. ген), iPad Pro 12.9” (3. ген) и понови
- watchOS 26: Apple Watch SE 2, Apple Watch Series 6, Apple Watch Ultra и понови
- macOS 26 Tahoe: Mac Pro (2019), Mac Studio (2022), Mac mini (2020), iMac (2020), MacBook Pro 13” (2020), MacBook Pro 16” (2019), MacBook Air (Apple Silicon) и понови
На корисниците им се советува да ја проверат компатибилноста на своите уреди за да избегнат разочарување, а потоа да го почекаат понеделник кога ажурирањата ќе бидат пуштени во текот на денот. За Apple екосистемот ова е голем чекор напред, и тоа не само визуелно, туку и функционално.