Прелиминарните рендер фотографии од Galaxy S26 Edge откриваат редизајн со огромен модул за камери и ултратенко куќиште, кој несомнено е инспириран од новите iPhone 17 Pro модели.
Apple пред два дена го претстави iPhone 17 Pro, а неговиот дизајн веќе стана главна тема во технолошките кругови. Додека едни го пофалија, а други го критикуваа новиот изглед, нема сомнеж дека токму Apple ќе ги диктира трендовите за следните генерации паметни телефони. Најновите CAD рендери откриваат дека Samsung Galaxy S26 серијата можеби тргнува токму по тој пат.
Според извештајот на порталот AndroidHeadlines, Samsung подготвува целосно нов изглед за ултра-тенкиот Galaxy S26 Edge телефонот. На рендерите се гледа редизајнирана задна страна, со две камери поставени вертикално на левиот раб, додека модулот се протега надесно, зафаќајќи речиси една четвртина од задниот дел.

Овој концепт е многу сличен на она што Apple го примени кај iPhone 17 Pro. Резултатот е огромно „острово за камери“, додека десната страна е речиси целосно празна, оставајќи простор за шпекулации околу плановите на Samsung.
Galaxy S26 носи нов дизајн и ултратенка конструкција
Уште поинтересна е веста за дебелината. Galaxy S26 Edge наводно ќе биде дебел само 5,5 mm, што е потенко и од претходниот Galaxy S25 Edge (5,8 mm), но и од Apple-овиот iPhone Air (5,6 mm).
Телефонот ќе има 6,7-инчен AMOLED екран со освежување од 120 Hz, поддршка за Qi2 безжично полнење со вграден магнетен прстен, како и поголема батерија со капацитет од околу 4200 mAh.

Покрај тоа, протекоа и рендери на Galaxy S26 Pro моделот, кој ќе ја замени стандардната верзија. Наместо Edge дизајнот со огромен модул за камери, S26 Pro задржува покласичен пристап, сличен на Galaxy S25, со три вертикално подредени камери на левиот дел од задната страна.
Овојпат, наместо индивидуални леќи, Samsung користи овален модул налик на Sony Xperia 1 серијата, кој ги обединува сите камери во еден блок.
Galaxy S26 Pro, според изворите, ќе има 6,3-инчен екран, 16 GB RAM меморија, батерија од 4300 mAh и поддршка за Qi2 безжично полнење, со што Samsung јасно ја позиционира оваа варијанта како влезен модел во премиум серијата.

Доколку овие рендери се покажат како точни, серијата Galaxy S26 не носи само хардверски напредок, туку и значајна промена во дизајнерската филозофија, во која Apple очигледно продолжува да го диктира правецот.

