По Meta и Google, и Amazon влегува во трката со паметни очила и развива два модела – едни за своите возачи и други со екран во боја за потрошувачите.
Паметните очила стануваат новата голема трка во технолошкиот свет, а по Meta и Google, сега и Amazon се подготвува да се појави на сцената. Според информациите што ги пренесува Cnet, компанијата развива очила со екран и камери, што би можело да претставува прв чекор кон вистински AR очила.
Амазон наводно работи на два модела – практични очила за сопствените возачи кои би ги олесниле достaвите, како и поелегантен потрошувачки модел со екран во боја кој ќе биде достапен во продажба.

Со тоа би се надоврзал на постоечките Echo Frames аудио очила, но и би го искористил сопствениот екосистем: Alexa асистентот, уредите за паметен дом, музичка и видео содржина, како и Kindle библиотеката.
Влегувањето на Амазон во оваа сфера доаѓа во момент кога паметните очила стануваат платформа за нови AI сервиси, а конкуренцијата ја сочинуваат Meta, Google, Samsung, Snap, па дури и Apple. Ова би можело дополнително да го забрза развојот на пазарот кој допрва се обликува, но ветува голема иднина.


