Sony официјално го претстави Xperia 10 VII, својот најнов паметен телефон од средната класа.
Xperia 10 VII доаѓа со редизајниран модул на задната камера и бројни подобрувања во споредба со претходникот. Тоа се унапредени задни камери кои сега се поставени хоризонтално во модул во форма на капсула, што многу потсетува на Pixel. Смартфонот има главен Sony Exmor RS сензор од 50 MP и ултраширока единица од 13 MP, додека за селфи фотографии се користи предна камера од 8 MP.
Xperia 10 VII располага со 6,1-инчен OLED екран со Full HD+ резолуција и брзина на освежување од 120Hz, заштитен со Corning Gorilla Glass Victus 2.

Уредот го придвижува процесорот Snapdragon 6 Gen 3, спарен со 8 GB RAM и 128 GB меморија. Внатрешната меморија може да се прошири до 2 TB благодарение на слот за microSD картичка.
Телефонот има батерија од 5.000 mAh, користи Android 15 и се очекува да добива надградби на оперативниот систем во период од четири години, а ветени се и шест години безбедносни надградби. На корисниците им се достапни и Circle to Search и Google Gemini.

Други карактеристики на смартфонот вклучуваат два предни звучника, 3,5 mm приклучок за слушалки, наменско копче за бленда на камерата и IP65/68 сертификат за отпорност на вода и прашина. Дебелината на уредот изнесува 8,3 mm, а тежи 168 g.
Sony Xperia 10 VII е достапен во бела, тиркизна и темноцрна боја, по цена од 449 евра.

