Apple со iPhone 17 серијата донесува опција за целосно исклучување на PWM затемнувањето на екранот, што го решава проблемот со замор на очите и главоболки кај корисници со чувствителен вид.
Apple ги претстави iPhone 17, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Pro Max и iPhone Air телефоните, но една значајна новина не беше спомената за време на официјалната презентација: можноста за целосно исклучување на PWM затемнувањето на екранот. Оваа опција би можела да биде спас за корисниците кои имаат проблеми со замор на очите, главоболки или други симптоми предизвикани од ниските фреквенции на освежување.
PWM (Pulse Width Modulation) се користи за прилагодување на осветленоста на екранот така што екранот всушност брзо трепка, се гасне и повторно се вклучува со голема брзина. Иако повеќето луѓе тоа не го забележуваат, одредени корисници се особено чувствителни на овој ефект, особено при пониски нивоа на осветленост. Досега, Apple беше еден од производителите со најниски PWM вредности, што предизвикуваше критики и незадоволство кај дел од корисниците.

Apple го решава проблемот со PWM затемнувањето кај iPhone 17 серијата
Решението доаѓа преку нова опција во подесувањата – Display Pulse Smoothing. Кога оваа опција ќе се вклучи, уредот целосно го исклучува PWM и користи алтернативен метод за затемнување на OLED екранот. Apple напоменува дека тоа може да влијае на квалитетот на приказот при ниска осветленост, но за корисниците чувствителни на трепкање тоа ќе значи многу помирно и пријатно искуство во користењето и гледањето во екранот на телефонот.
Оваа промена ја става серијата iPhone 17 во посебна позиција бидејќи Android конкурентите главно се обидуваат да го решат проблемот со зголемување на PWM фреквенцијата на исклучително високи вредности. Иако тоа им помага на повеќето корисници, сè уште постои мал број на оние кои и тогаш чувствуваат нелагодност. Apple сега нуди сосема поинаков пристап: не само висок PWM, туку и можност тој целосно да се исклучи.
Комбинацијата од овие два начина – многу висок PWM и опција за негово целосно исклучување – сè уште не е достапна кај ниту еден производител, но корисниците се надеваат дека во иднина индустријата ќе ги усвои двата пристапа истовремено. Засега, Apple направи важен чекор кон поудобно користење на OLED екраните, особено за најчувствителните.

