Galaxy Watch8 серијата паметни часовници на Samsung значителен редизајн, а еден од најатрактивните модели е Galaxy Watch8 Classic, кој комбинира врвен дизајн со напредни здравствени и AI функции. Со враќањето на препознатливиот ротирачки прстен, овој часовник ја носи старата класика во современо издание.
Текст и фото: НИКОЛА БУРАГЕВ
Дизајн и клучни карактеристики
Galaxy Watch8 Classic го наследува „squircle“ обликот на куќиштето, претходно виден кај моделот Watch Ultra – комбинација од квадрат и круг што овозможува поелегантен и потенок профил без да се жртвува робусноста.
Со ново алуминиумско куќиште со дебелина од околу 10,6 мм, часовникот е нешто потенок од претходната генерација и лесно прилега на раката. Карактеристиките како Quick Button физичкото копче и извонредната осветленост на екранот од 3.000 нита дополнително ја нагласуваат неговата премиум природа.

Иако визуелно е сличен на претходниот Galaxy Watch 6 Classic, новиот модел донесува и двојно повеќе интерна меморија – сега се достапни 64 GB за складирање музика, апликации и содржини.
Перформансите ги обезбедува Exynos W1000 чипот, комбиниран со Wear OS 6 и новото One UI 8 Watch интерфејс, кој вклучува иновативни Multi-Info Tiles и Now Bar за брз преглед на клучните податоци.
Екранoт е остар и светол – 1.38-инчен кружен AMOLED дисплеј, заштитен со сафирен кристал против гребнатини. Часовникот е водоотпорен, а при тестирање се покажа издржлив и под туш и во море.

Фокус на здравје и велнес
Кога станува збор за здравствените функции, Galaxy Watch 8 Classic овозможува напредно следење што вклучува откривање на ’рчење и апнеа за време на спиењето, анализа на стрес, антиоксидативен индекс и васкуларен притисок, кој дава увид во оптоварувањето на крвните садови преку ноќ.
Благодарение на новите сензори на задната страна, уште попрецизно ги следи отчукувањата на срцето, ЕКГ и крвниот притисок. Последните две функции се достапни само со Samsung Galaxy смартфоните.

Running Coach со 160 планови ја прилагодува кондицијата во реално време, а Energy Score ја синтетизира физичката и менталната енергија за подобра секојдневна подготвеност. Поддржува широк спектар спортски активности, до кои лесно пристапувате со Quick Button копчето на страната.
Со своите сензори, Galaxy Watch 8 серијата за првпат ги следи и нивото на каротеноиди во кожата, давајќи увид дали внесувате доволно антиоксиданси преку исхраната – најмногу присутни во овошјето и зеленчукот со интензивни бои.
Интеграцијата на Google Gemini AI овозможува гласовни команди како „Започни трчање 30 минути“ или „Покрени одбројување од 5 минути“, правејќи го управувањето со часовникот полесно од кога било.

Искуство при носење и интеракција
Ротирачкиот прстен околу екранот останува клучен за навигација, но со додаденото Quick Button копче контролата е уште поинтуитивна и побрза.
Т.н. Dynamic Lug систем овозможува подобро прилегање на ременот кон зглобот, што ја подобрува прецизноста на сензорите и удобноста при подолго носење. Забележителни се и унапредените можности за промена на ремените, иако со новиот систем, Samsung практично ве насочува да купувате оригинални ремени.
Сите пристигнати нотификации од спарениот телефон може да се прикажат на часовникот, а на нив може и да се одговори преку минијатурна тастатура – не баш практично, но возможно.
Во моменти на досада, на зглобот може да гледате и YouTube или да сурфате на интернет.

Автономија и полнење
Како и кај сите Wear OS паметни часовници, автономијата останува најголемата слабост. Моето искуство покажува максимум два дена со едно полнење при целосно следење на здравствените параметри, квалитет на сон и еден тренинг.
Иако тоа е подобро од Apple Watch, сепак е послабо во споредба со Huawei и Xiaomi. Samsung се обидува тоа да го надомести со функции што ги нема конкуренцијата, но на крај изборот зависи од корисничките преференци.
Часовникот се полни безжично на стандардната плочка за полнење (вклучена во пакет), а до 100% му требаат околу 80 минути.

Што е различно во однос на претходниците?
За разлика од Watch 6 и 7, Watch 8 Classic носи значителен напредок во интеграцијата на вештачката интелигенција и следење на здравствените параметри.
Развиена во тесна соработка со Google, Galaxy Watch8 Classic е опремен со прединсталиран Wear OS 6 и Google Gemini, AI асистентот на Google. Корисниците имаат слободни раце и можат преку природни гласовни команди да извршуваат задачи во движење со Galaxy Watch апликациите како Samsung Health, Календар, Потсетник и Часовник. На пример, можат да го замолат Gemini да најде блиско кафуле и да испрати порака на пријател да се најдат таму – сето тоа одеднаш. Или, доколку се подготвени да почнат со вежбање и имаат поставена цел, доволно е да кажат: „Започни трчање 30 минути.“ Часовникот интуитивно ќе ја активира вежбата во Samsung Health.

Дополнително, благодарение на новиот One UI 8 Watch, корисничкиот интерфејс е оптимизиран за големината и обликот на екранот. Новите Multi-info плочки овозможуваат лесен пристап до здравствени метрики, временска прогноза, настани и друго, преку едноставен преглед. Тука е и новата Now Bar и нов режим за известувања кој осигурува дека клучните активности остануваат во прв план.
Дизајнот е потенок, но ја задржува елеганцијата и робусноста благодарение на премиум материјалите и изработката.

Заклучок и оценка
Samsung Galaxy Watch8 Classic покажува дека компанијата е целосно подготвена да го врати духот на луксузот и софистицираноста во сегментот на паметни часовници. Комбинацијата од робусен дизајн, напредни здравствени функции, вештачка интелигенција и врвно корисничко искуство го прави сериозен конкурент на пазарот.
Ако барате сигурен, функционален и исклучително интелигентен часовник, користите Samsung Galaxy телефон и не ви пречи полнење на секои два дена – Galaxy Watch 8 Classic е одличен избор.
Оценка: 



(5/5)
Цена: 31.990 денари


Технички спецификации
Galaxy Watch8 Classic |
|||
| Бои |
46 mm: црна, бела |
|
|
| Димензии и тежина |
46 mm: 46.4 mm x 46 mm x 10.6 t (63.5 g) |
|
|
|
Екран |
Сафирно стакло – 46 mm: 1.34 инчи (438×438) Super AMOLED, Always On дисплеј во боја |
|
|
|
Процесор |
Exynos W1000 (5 Јадра, 3 nm) |
||
|
Меморија и складирање |
2 GB меморија + 64 GB за складирање |
|
|
|
Батерија (стандардно) |
445 m |
|
|
|
Полнење |
Брзо безжично полнење (според WPC стандард) |
||
|
Оперативен систем |
Wear OS со поддршка од Samsung (Wear OS 6) |
||
|
Кориснички интерфејс |
One UI 8 Watch |
||
|
Сензор |
Samsung BioActive сензор (оптички сензор за био-сигнали + електричен срцев сигнал + анализа на биоелектрична импеданса), сензор за температура, акцелерометар, барометар, жироскопски сензор, геомагнетен сензор, сензор за светлина, 3D Холов сензор |
|
|
|
Поврзување |
LTE, Bluetooth 5.3, Wi-Fi 2.4+5GHz, NFC, GPS(L1+L5)/Glonass/Beidou/Galileo |
||
|
Издржливост |
5ATM + IP68 / MIL-STD-810H воена спецификација |
||
|
Компатибилност |
Android 12.0 или понова верзија, со најмалку 1.5 GB RAM меморија. |
||

