Apple N1 чипот во најновите модели на iPhone поддржува Wi-Fi 7 до 160 MHz, ги подобрува AirDrop, Personal Hotspot и ефикасноста на батеријата, но не ја достигнува максималната ширина од 320 MHz.
Најновите модели iPhone 17, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Pro Max и iPhone Air доаѓаат со новиот Apple N1 чип кој поддржува Wi-Fi 7, Bluetooth 6 и Thread конекција. Сепак, според документацијата на FCC, N1 чипот поддржува максимална ширина на канал од 160 MHz за Wi-Fi 7, додека стандардот овозможува до 320 MHz.
Ова значи дека уредите не можат да ги постигнат теоретски максималните брзини на Wi-Fi 7, иако во пракса повеќето корисници и онака се соочуваат со ограничувања од страна на интернет провајдерите и други фактори.

Screenshot
За повеќето корисници, ова не претставува проблем, но некои сакаа да дознаат дали N1 поддржува 160 MHz или 320 MHz, па анализата на документите на FCC го потврди ова ограничување.
Предности на Wi-Fi 7 и N1 чипот
- Поддршка за истовремено пренесување на податоци преку 2.4 GHz, 5 GHz и 6 GHz опсези со компатибилен рутер
- Поголеми брзини, помала латенција и понадежна конекција во реална употреба
- Подобрени функции Personal Hotspot и AirDrop
- Поголема енергетска ефикасност и подолго траење на батеријата во новите iPhone модели
Иако N1 чипот не ја достигнува максималната ширина на каналот од 320 MHz, тој сепак носи значајни подобрувања во перформансите и доверливоста на безжичните функции, пренесува MacRumors.

