Додавањето сол во мразот го засилува неговиот флексоелектричен ефект, способноста за создавање електрична енергија при свиткување.
При свиткување на мраз со 25 % сол доаѓа до струење на јонскиот раствор околу кристалите, создавајќи електричен набој кој е значително поголем од оној кај чист мраз или кај самата сол.
Солениот мраз, кога се свиткува, може да генерира електричен набој и до илјада пати посилен од обичниот мраз, открива нова студија на кинески и шпански истражувачи, објавена во списанието Nature. Тоа е резултат на изразениот флексоелектричен ефект: при свиткување на мраз со 25 % сол доаѓа до струење на јонскиот раствор околу кристалите, создавајќи електричен набој кој е многу поголем од оној кај чист мраз или самата сол.

Напојување на електроника
Експериментите покажале дека парчиња солен мраз можат да создадат напон доволен за да запалат мала LED диода, додека поголеми серии вакви „генератори“ би имале потенцијал за напојување на електроника во студени предели, како што се замрзнатите месечини Европа и Енцелад.
Мразот може да генерира електрична енергија кога се свиткува, а овој „флексоелектричен ефект“ се зголемува со додавање сол во мразот.
Научниците напоменуваат дека за практична примена е потребна понатамошна оптимизација, но концептот покажува дека на многу ниски температури и со присуство на сол доаѓа до засилен ефект. Со тоа се отвора можност за еколошки одржливи и евтини мини-уреди за искористување на енергијата на места каде мразот спонтано се создава и каде други извори на енергија не се достапни.

Од глечери до замрзнати месечини
Површината на Земјата е 10 % покриена со мраз, кој досега се сметаше за инертен во поглед на генерирање електрична енергија. Сепак, откривањето на високиот флексоелектричен коефициент кај солениот мраз би можело да ја промени таа перцепција и да поттикне развој на генератори на енергија од солен мраз.
Идните вселенски сонди или бази на замрзнатите месечини, како Европа или Енцелад, би можеле да произведуваат електрична енергија од локалните ресурси, без потреба од соларни панели или нуклеарни извори.
Апликациите би можеле да се прошират од глечери до вселенски мисии, а во рамки на природни системи како поларните региони или замрзнатите месечини се предвидува нова ера на „зелени“ извори на енергија од локалните ресурси, пишуваат истражувачите.


