Иако Ray-Ban Meta од втора генерација веројатно ќе бидат повеќе продавани, сепак поинтересни се очилата Ray-Ban Display кои доаѓаат со вграден дисплеј во стаклото.
Meta на конференцијата Meta Connect 2025 претстави два нови модели на своите паметни очила: Ray-Ban Display со вграден дисплеј во стаклото и Ray-Ban Meta од втора генерација.
Ray-Ban Display имаат heads-up дисплеј во десното стакло со резолуција од 600 x 600, фреквенција на освежување до 90 Hz и светлина од 5.000 нита. Дисплејот ќе може да прикажува пораки и видео повици преку WhatsApp и Messenger, навигација, превод на разговор во реално време, како и информации за музика и одговори од AI асистентот на Meta.

Очилата исто така имаат камера од 12 MP што снима 3K видео со 30 FPS, 3x дигитален зум, два звучника и шест микрофони. Можно е и контрола со гестови благодарение на поддршката за Meta Neural Band – нараквица отпорна на вода со батерија која трае до 18 часа. Што се однесува до автономијата на очилата, Мета наведува дека ќе издржат шест часа, а со кутијата дополнителни 24 часа работа.
Од останатите карактеристики, тука се и поддршка за Wi-Fi 6, Bluetooth 5.3, како и 32 GB меморија и 2 GB RAM. Цената изнесува 800 долари и продажбата започнува кон крајот на овој месец во САД. Во Канада, Франција, Италија и Обединетото Кралство ќе пристигнат на почетокот од 2026 година.

Кога станува збор за втората генерација на Metinите Ray-Ban очила, новост е тоа што нудат до осум часа автономија без кутија и 48 часа со кутија, а новина е и брзото полнење – до 50% капацитет за 20 минути. Очилата снимаат видео во 3K резолуција со 60 FPS, а наскоро преку софтверска надградба ќе добијат и можност за снимање hyperlapse и slow-motion видеа, како и опцијата Conversation Focus која го издвојува гласот на соговорникот и ја намалува позадинската бучава.

Втората генерација веќе е достапна за купување во САД по цена од 380 долари, во дизајните Wayfarer, Skyler и Headliner. Достапноста во Европа сè уште не е позната.


