Батеријата на iPhone Air ги изненади корисниците: иако е тенок и елегантен, тестовите покажуваат дека трае подолго отколку што повеќето очекуваа.
iPhone Air е најконтроверзниот модел од целата iPhone 17 серија оваа година. Иако е најтенкиот во историјата и многумина го нарекуваат најубавиот iPhone уред, постоеше страв дека батеријата на iPhone Air ќе биде неговата најслаба точка. Сепак, првите тестови покажуваат дека издржливоста е подобра од очекуваното, што ја потврдува врвната енергетска ефикасност на новиот чипсет.
Со капацитет од 3149 mAh, iPhone Air има помала батерија во споредба со iPhone 17 серијата. Сепак, благодарение на редизајнот кој донесе отстранување на физичката SIM картичка и оптимизација на просторот, уредот нуди солидна автономија за просечните корисници. Самиот Тим Кук истакна дека батеријата „ќе ги воодушеви корисниците“.

Батеријата на iPhone Air ги изненади корисниците
Тестовите на новинарите од WIRED покажуваат дека уредот може да издржи цел ден просечна употреба, па дури и до доцните вечерни часови остануваат 18% батерија. Но, при интензивна употреба (навигација, музика, социјални мрежи), батеријата на iPhone Air трае пократко и едвај го покрива работниот ден.
Слични заклучоци даде и Chance Miller од порталот 9to5mac: батеријата е подобра од очекуваното, но сè уште недоволна за оние кои целиот ден го минуваат надвор од дома.
YouTuber-от Joeman, пак, истакнува дека iPhone Air во тестовите за социјални мрежи дури го надминал iPhone 16 Pro и Galaxy S25 Edge, што покажува дека има потенцијал. Сепак, купувачите мора да бидат подготвени на компромиси како една камера и еден звучник.


