Gartner прогнозира дека многу брзо, до 2026 година, ARM компјутерите ќе сочинуваат повеќе од 55% од пазарот на AI PC, додека x86 ќе остане доминантен во бизнис-секторот
Трендот на AI PC забрзано го менува пазарот на компјутери, отворајќи простор за нови архитектури и модели. Најновиот извештај на меѓународната истражувачка и консултантска компанија Gartner покажува дека ARM процесорите ќе играат клучна улога во наредните години, додека деловните корисници и понатаму ќе останат верни на x86 платформата. Ваквиот развој на настаните води кон сè поразновиден екосистем.
Според Gartner, испораките на AI PC компјутери ќе достигнат 77,8 милиони единици до крајот на 2025 година, што ќе претставува 31% од пазарот. Веќе во 2026 се очекува огромен скок – на 143 милиони единици и пазарно учество од 55%, со што ARM компјутерите за првпат ќе ја преземат мнозинството. До 2029 година, AI PC ќе стане вообичаен стандард.
ARM го презема приматот на AI PC пазарот
Gartner нагласува дека AI PC го трансформира пазарот, но признава дека забавувањето на купувањето поради царинските политики и глобалната несигурност може привремено да го кочи растот во текот на 2025. Сепак, додава дека корисниците ќе продолжат да избираат AI PC за да одговорат на сè поголемата интеграција на edge AI технологиите (извршување на AI функции на локалниот уред).

Screenshot
Како што ARM уредите стануваат сè попопуларни кај потрошувачите, се очекува токму тие – вклучувајќи ги Apple MacBook моделите и лаптоп компјутерите со Qualcomm процесори – да освојат поголем дел од потрошувачкиот сегмент. Од друга страна, деловните корисници остануваат поконзервативни: дури 71% сè уште избираат x86 Windows компјутери, додека ARM има само 24%. Gartner проценува дека во овој сектор нема да дојде до поголеми промени во блиска иднина.
Софтверската поддршка – клучен фактор на транзицијата
Уште еден клучен фактор на транзицијата лежи во софтверската поддршка. Gartner предвидува дека до крајот на 2026 година дури 40% од софтверските компании ќе даваат приоритет на развојот на AI функции директно за PC, што е огромен скок во споредба со само 2% во 2024 година.
На тој начин, на PC уредите ќе станат достапни мали јазични модели (SLM) и низа напредни AI функции, без потреба од постојано потпирање на „cloud“ и интернет. Резултатот ќе биде побрз одзив, помала потрошувачка на енергија и целосно ново корисничко искуство.

