Елон Маск верува дека благодарение на ракетата Starship, човештвото до 2055 ќе воспостави самоодржлива колонија на Марс.
Населувањето на Црвената планета повеќе не е само научна фантастика, туку реална визија, тврди Маск. Основачот и директор на SpaceX смета дека човештвото би можело да воспостави одржливо и самoodржливо населување на Марс до 2055 година, под услов да се направат клучни исчекори во технологијата на тешки ракетни лансирања.
„Мислам дека тоа може да се направи за 30 години, ако има експоненцијално зголемување на количината товар што го испраќаме на Марс при секоја нова прилика за трансфер, што се случува на секои две години,“ изјави Маск на 9 септември на All-In Summit.
Маск нагласува дека зголемувањето на масата на товарот и ракетата е клучно бидејќи колонијата ќе има потреба од огромна количина опрема: од станбени модули до роботи помагачи. За колонијата на Марс да стане самoodржлива, неопходно е да се обезбедат и „сите состојки на цивилизацијата“: производство на храна, гориво од атмосферата на Марс, како и микрочипови, компјутери и ракети.

Маск го гледа Марс како клуч за опстанокот на човештвото
Во центарот на оваа визија се наоѓа SpaceX Starship, најмоќната ракета изградена досега. Таа се состои од Super Heavy бустер и горен степен наречен Ship, двата изработени од не’рѓосувачки челик и придвижувани со мотори Raptor на течен кислород и метан – горива што можат да се произведуваат на Марс. Ракетата досега летала десет пати во целосна конфигурација, а најновата мисија на 26 август беше најуспешна, остварувајќи и прво изнесување товар во орбитата.
Следниот лет ќе биде последен за сегашната верзија 2, додека верзијата 3 носи огромни промени, меѓу кои нов мотор Raptor 3 и капацитет за над 100 тони корисен товар до орбитата со целосна повторна употреба на модулите. Тоа е 2,5 пати повеќе од ракетата Falcon Heavy, но со предност што и бустерот и Ship се целосно дизајнирани за повеќекратна употреба.
Најголемиот предизвик останува целосната, повеќекратна заштита од топлина при влез во атмосферата. „Никој никогаш не направил целосен орбитален топлотен штит за повеќекратна употреба,“ нагласува Маск, потсетувајќи дека Space Shuttle бараше неколку месеци поправки по секој лет. Сепак, очекува дека SpaceX веќе следната година ќе демонстрира целосна повторна употреба, вклучувајќи и фаќање на бустерот и Ship со „стапчиња“ на лансирната рампа.
Starship верзија 3 е висока 124,4 метри, а планираната финална верзија ќе биде уште поголема – дури 142 метри. Првите беспилотни мисии кон Марс би требало да започнат веќе следната година. За Маск, целта останува иста како и во 2002 година, кога го основал SpaceX: да го направи човештвото мултипланетарен вид.
„Она што е најважно е Марс да стане самoodржлив и да станеме мултипланетарна цивилизација. Само тогаш човештвото има вистинска шанса да преживее потенцијални катастрофи на Земјата,“ заклучи Маск, пренесува Space.


