Новиот, ултра-тенок iPhone Air беше подложен на серија тестови на издржливост од страна на популарниот YouTube канал JerryRigEverything.
Apple неодамна ја претстави iPhone 17 серијата, вклучувајќи го и целосно новиот iPhone 17 Air. Најтенкиот iPhone досега го помина едно од најтешките тестирања на издржливост — познатиот bend test на каналот JerryRigEverything. Еве како се покажа.
Со само 5,6 mm дебелина, многумина стравуваа дека ултра-тенкиот дизајн би можел да потсети на аферата „Bendgate“ со iPhone 6 Plus. Но благодарение на титаниумската средна рамка, најтенкиот iPhone се покажа изненадувачки цврст, барем додека JerryRigEverything не го поттурна до крајните граници.
Во неговиот тест на издржливост, iPhone 17 Air помина низ необична рунда тортура, а резултатите би можеле да ги изненадат некои.
Тестот започна со гребење. Новото Apple Ceramic Shield 2 стакло се покажа импресивно отпорно, издржувајќи гребнатини сè до ниво 7 на Мосовата скала на тврдина. Тоа е едно ниво погоре од повеќето телефони, вклучувајќи го и Samsung Galaxy S25 Ultra со Gorilla Armor 2, кој покажа гребнатини уште на ниво 6.
Сепак, не сите тврдења на Apple се потврдија. Нивниот многу рекламиран анти-рефлексивен премаз не се покажа толку добро како што беше ветено. Под силна светлина, iPhone 17 Air прикажуваше повеќе отсјај од постариот Samsung Galaxy S24 Ultra, што е мала дамка на инаку силните перформанси на екранот.
Потоа дојде главниот момент — bend тестот. Apple го промовира титаниумскиот рам на Air (градација 5) како двојно поцврст и 60% поеластичен од алуминиумскиот. Кога Нелсон притисна на телефонот од задната страна, рамката едвај се помести. Савивањето од напред предизвика мало искривување, но уредот брзо се врати во првобитната форма без трајно оштетување.
Се разбира, Нелсон отиде и чекор понатаму. Користејќи дизалица со вага, примени сила од околу 960 N, што е околу 98 кг, при што конечно пукна предното стакло и рамката трајно се сви. Сепак, задното стакло не пукна, а телефонот остана функционален.