Facebook Dating доби две нови AI алатки со цел да им помогне на корисниците во потрагата по љубов и друштво.
Платформата претстави четбот под името „dating assistant“, кој може да помогне во пронаоѓањето потенцијални партнери врз основа на нивните интереси. Во објава на блогот каде што се најавуваат овие функции, примерот што го наведе Meta беше: „пронајди ми девојка од Бруклин која се занимава со технологија“. Четботот, исто така, може да „понуди идеи за состанок или да им помогне на корисниците да го подобрат својот профил“. Dating assistant ќе почне постепено да се воведува на табот Matches за корисниците во САД и Канада.
Вториот AI додаток е Meat Cute, кој користи „персонализиран алгоритам за спојување“, за да им понуди на корисниците изненадни кандидати за кои ќе процени дека би можеле да им се допаднат. Во објавата на блогот не е објаснето како алгоритмот на Meta ќе ги оценува потенцијалните партнери.
Сепак, оние што не сакаат секоја недела да гледаат предложени личности за кои Meta AI смета дека се компатибилни партнери, можат во секое време да го исклучат Meat Cute.
Двете функции имаат за цел да се борат против „заморот од свипање“, па доколку користите Facebook, Facebook Dating и навистина сте толку уморни од свипање, можеби ова е решението што ви е потребно.